Bookbot

Roberta Kava

    Како да излезете на крај со непријатните луѓе
    • Како да излезете на крај со непријатните луѓе

      Едноставни начини да се изборите со тешките личности

      • 351 stránok
      • 13 hodin čítania

      Сите ние, понекогаш сме имале работа со незгодни и непријатни луѓе. Веројатно е дека во некои ситуации и самите сме биле во таа улога. Како и да е модерниот начин на живеење, комуникацијата и работата честопати ќе не принудат да се соочиме со луѓе со кои не е лесно да се излезе на крај. Некои од нив се доста агресивни и бучни, некои се само упорни, а некои удираат на нашата сочувствителност. Само во оваа книга постојат над десетина видови на овие, тешки луѓе. Никој од нив не е поштеден. Положбата, занимањата или образованието не можат да ве спасат. Ако сте работник и ви се погоди добар шеф, тоа не значи дека нема да имате непријатни муштерии или лоши колеги. Ако сте управител тоа не значи дека меѓу потчинетите нема да има незгодни личности, па колку и да ги сеете низ сито вработувањата и отказите. Едноставно, луѓето се такви и понекогаш со нив треба да се избориш. Дали овие напорни личности постојано ве вознемируваат или ви досадуваат од време на време, во оваа книга ќе најдете патишта и начини да им кажете не. Ке научите како да ги препознаете, што да им кажете и како со нив да се справите.

      Како да излезете на крај со непријатните луѓе2007